Почетна Економија Пожар во фабриката Тесла во Калифорнија, нема повредени

Пожар во фабриката Тесла во Калифорнија, нема повредени

од nenad
1 минути читај за

Вчера попладне околу 17 часот избувна пожар во фабриката „Тесла“ во Фремонт, Калифорнија. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и го изгаснале за неколку часа. Нема повредени.

Противпожарната служба во Фремонт соопшти дека ја истражува причината за пожарот. Фабриката во Фремонт е една од најголемите за производство на електрични возила во Калифорнија.

Пожарот се случи набргу по бран отпуштања. „Тесла“ неодамна отпушти 600 работници, од кои 164 беа од фабриката Фремонт. Меѓу нив беа и двајца директори за заштита на животната средина (ЕХС).

Ова не е прв пожар во оваа фабрика. Помеѓу 2014 и 2018 година беа забележани неколку пожари, како и во 2019 и 2021 година, пишува Си-Ен-Би-Ес. паг/Фото: Јутјуб, скриншот  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING