Почетна Технологија Повик за практиканти – млади новинари за ЕУ

Повик за практиканти – млади новинари за ЕУ

од nenad
2 минути читај за




Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ објавува повик за млади новинари – практиканти при подготовка на теми наменети за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија. За кого е наменет повикот: Повикот е наменет за млади луѓе до 30 години кои се новинари на почетокот на кариерата, студенти по новинарство, студенти на општествени науки или млади кои имаат желба да се занимаваат со истражување или медиуми.

Целта на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ. Истовремено, со тоа граѓаните да се запознаат, едуцираат и да се анимираат за процесот кон полноправно членство на Р. С. Македонија во ЕУ. Времетраење на ангажманот: Ангажманот на практикантите е со времетраење од 4(четири) месеци. Права и обврски на кандидатите/практикантите: Практикантите ќе добиваат надоместок (хонорар) за секој одобрен и објавен новинарски материјал на тема ЕУ.

Со секој селектиран кандидат ќе работи ментор, новинар-уредник кој ќе го води практикантот во процесот на создавање на новинарскиот материјал. Уредувањето и финализирањето на медиумскиот продукт до објавувањето ќе го води менторот. Потребни вештини: Кандидатите треба да имаат основни компјутерски вештини, познавање за интернет пребарувања, добра работна етика и да се подготвени за тимска работа. Задолжително е познавањето на англискиот јазик.

Начин и рок на аплицирање:
Заинтересираните треба да испратат: работна биографија (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик најдоцна до 30.09.2024 до 16ч на електронската адреса: [email protected]



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING