Почетна Македонија Повик за волонтери: Помогнете ни да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка!

Повик за волонтери: Помогнете ни да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка!

од nenad
1 минути читај за




Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје и дадете го својот удел во разубавувањето на ЈП Лајка заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!

   

Бараме волонтери кои ќе ни помогнат да ги обоиме боксовите на кучињата, оградите, да ги уредиме зелените површини и да се подружиме со кучињата. Ние ќе ги обезбедиме сите потребни материјали, вклучувајќи боја, четки и останата опрема. Не е потребно никакво претходно искуство – дојдете во облека која нема да ви пречи да ја обоите и донесете го вашиот ентузијазам и подготвеност да направите разлика! …Кога: 15.06.2024 од 10:00 до 14:00 часот Каде: ЈП Лајка



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING