Креативниот директор на Гранд, Саша Паповиќ на почетокот на кариерата го фати во лага младиот пејач, а потоа му откри што го чека.
Пејачот Марко Гачиќ кој се прослави на натпреварот Ѕвездите на Гранд денеска може да се пофали со голем број настапи, а за споменатата емисија се пријавуваше неколку години по ред, неуспешно. Најголемата пречка му беа годините, па Марко реши да се излаже.
Со оглед на тоа што долната граница за учество на натпреварот беше 16 години, тогаш тринаесетгодишниот Гачиќ мислеше дека е доволно возрасен за да се појави пред Саша Поповиќ.
Па, не ми дозволија да се пријавам и морав да се снајдам. Со оглед на тоа дека бев и голем, мислев дека никој нема да разбере дека имам само 13 години“ – откри Марко.
Но, на острото око на Саша Поповиќ ништо не можеше да му побегне. При изведбата на Марко тој сфати дека се работи за дете.
Поврзани објави
Саша и Жика Јакшиќ ме пофалија и ме прашаа колку години имам, а потоа од нигде никаде признав дека ги лажирав за годините за да се претставам“ – изјавил пејачот во една прилика, па додал:
Саша ми рече: „Браво! Чичко Сале ти вели дека за две години ќе бидеш пејач, сега малку гласот… Инаку пееш совршено“ – откри Марко Гачиќ.
Фото: printskrin Youtube/Bez Filtera sa Sarom Miom
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: