Бара од авиокомпанијата да реагираат заради оваа ситуација и да истражат кој службеник ги надминал своите овластувања.
Пејачката со албанското потекло Блета Реџа, попозната како Бејби Рекса доживеа непријатност на аеродромот и одлучи на Инстаграм, каде што ја следат скоро 12 милиони луѓе, да сподели што ѝ се случило.
Супервизорот на летот ми се закануваше“, соопшти Реџа, а потоа во описот на снимката раскажа што се случило:
Ми се закани затоа што мислев дека е албански агент за безбедност. Му се обратив на албански јазик и го прашав каде да купам билет и сега ми забранува да летам“, откри пејачката низ солзи.
Поврзани објави
Верувам дека ова е злостор од омраза затоа што сум Албанка. Не сакаше да ми го каже своето име и продолжи психички да ме злоставува за да ми покаже дека е помоќен од мене. Ниту една жена од авиокомпанијата не направи и не рече ништо. Тој не сакаше да ми го каже своето име, но дознав дека работи на контрола на документите за услужната компанија што ја ангажирала авиокомпанијата – напиша пејачка на својот Инстаграм.
Никогаш не сум била толку емотивно измачувана. Авиокомпанијата ми испрати порака, но ги повикувам да испитаат кој е овој човек што ја злоупотребува својата позиција на овој начин. „Жал ни е“, овој пат нема да ја среди ситуацијата – напиша Реџа на социјалните мрежи.
Оваа објава ги вознемири нејзините следбеници, кои бараа од авиокомпанијата да ѝ овозможи безбедно да се врати дома.
Фото: Izvor: Instagram Printscreen/beberexha