Почетна Технологија Петровска до изборната комисија во СДСМ: Моето име да не стои на гласачкото ливче

Петровска до изборната комисија во СДСМ: Моето име да не стои на гласачкото ливче

од nenad
1 минути читај за

Ваквата одлука, Петровска вели дека ја донела сакајќи да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегне да биде соучесник во погазување на статутот.

   

-Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда – рече таа.Во писмото посочува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, не добила никаков одговор кој, како што вели, би ги побил нејзините тврдења.

-Според статутот на СДСМ сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, па затоа вчера на состанок одржан во просториите на партијата со претставниците на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска. За жал не добив одговор кој ги побива овие тврдења. Сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултати – истакна Петровска.

Во трката за лидер на СДСМ остануват ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING