Почетна Економија Песков: Влезот на Украина во НАТО е неприфатлива закана за безбедноста на Русија

Песков: Влезот на Украина во НАТО е неприфатлива закана за безбедноста на Русија

од nenad
2 минути читај за

 – Проширувањето на Северноатлантската алијанса со Украина е неприфатлива закана за безбедноста на Русија, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков по повод декларацијата на самитот на НАТО во која членките на Северноатлантската алијанса порачаа дека влезот на Украина во НАТО е неповратен.

 -Од самиот почеток рековме дека проширувањето на НАТО со Украина е неприфатлива закана за нашето постоење, нашата безбедност.

Сега гледаме дека НАТО усвојува документ во кој вели дека Украина дефинитивно ќе се приклучи на НАТО, изјави Песков.

Тој потсети дека Русија нема да разговара за безбедносни елементи кои се извадени од општиот контекст и објасни дека неговата земја е подготвена сеопфатно да ги разгледа сите аспекти поврзани со безбедноста и континентот, како и да ја гарантира безбедноста на другите земји.

Песков посочи дека Русија треба да размислува за контрамерки за са го спречи НАТО во целост, истакнувајќи дека воената нивната инфраструктура постепено се движи кон руските граници.

-Очигледно е дека Алијансата извршува една од нејзините главни цели – да ја потисне Русија, да и нанесе стратешки пораз на Русија.

Тоа не обврзува многу длабоко да ги анализираме донесените одлуки и дискусиите што се водеа и многу внимателно да го анализираме текстот на декларацијата.

Ова е многу сериозна закана за националната безбедност. Сето ова ќе бара од нас да преземеме внимателни, координирани, ефективни мерки за одвраќање на НАТО, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Истовремено, тој посочи дека во тек се дискусии за корекција на руската нуклеарна доктрина како одговор на активностите на Северноатлантската алијанса.

-Меѓутоа, одвраќањето на овој начин не е единствената можност, рече Песков.

Тој нагласи дека западниот блок е де факто вклучен во конфликтот за Украина и дека „време е сите процеси да се нарекуваат со нивните соодветни имиња“. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING