Почетна Македонија Пендаровски положи цвеќе по повод одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Пендаровски положи цвеќе по повод одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

од nenad
1 минути читај за




Претседателот Стево Пендаровски во црквата „Свети Спас“ во Скопје положи цвеќе по повод 121-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по повод 121-годишнината од неговата смрт, денеска положив свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, Делчев за македонскиот народ претставува стожер врз кој денес ја градиме нашата државност и самобитност.Слава му!



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING