Почетна Економија Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

од nenad
2 минути читај за




Во вечерашното интервју на телевизија Алсат, кандидатот за претседател Стево Пендаровски, меѓу другото, зборуваше и за национализмот, за кој рече дека е опасно да се користи во секојдневната реторика, затоа што граѓаните не се свесни дека политичарите го говорат тоа само за да добијат политички поени.

   

„Што по изборите? Што со раздорот којшто веќе е направен поради вашата реторика меѓу обичните граѓани? Тие не се политичари да знаат дека вие често пати свесно манипулирате. Иако, во конкретниов случај воопшто не сум убеден дека Силјановска Давкова манипулира со овој речник затоа што би сакала да добие повеќе гласови. Не. Таа, прво, воопшто не смета на гласовите на Албанците и на другите етнички заедници, а особено на Албанците и второ, таа верува во тоа. Не можете од 2001-ва до денес четврт век да бидете против сите овие документи и акти кои ја направија Македонија стабилна и членка на НАТО, а да ви биде тоа само за изборни цели“, потенцираше Пендаровски. 



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING