Почетна Балкан Пелистер го победи Работнички и е пред пласман во големото финале – Курир

Пелистер го победи Работнички и е пред пласман во големото финале – Курир

од nenad
2 минути читај за
Пелистер го победи Работнички и е пред пласман во големото финале

Кошаркарите на Пелистер победија со 85:79 во третиот меч од полуфиналната серија во плејофот на кошаркарското првенство на Македонија.

Со овој триумф битолчани стигнаа до предност од 2:1 во победи и сега им е потребна уште една победа за да бидат финалисти во борбата за шампионската титула. Следниот меч повторно се игра во Битола, што значи дека Пелистер ќе има меч-топка на свој терен.

Магдевски и Мијовиќ со по 18 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, по 12 постигнаа Маслинко, Најт и Планиниќ, додека најдобри кај Работнички во вечерашниот пораз беа Рикиќ со 22 и Трајс со 20 поени.

Следниот натпревар меѓу Пелистер и Работнички повторно ќе се игра во Битола, на почетокот од следната едмица.

Извор : Kurir.mk

Пелистер го победи Работнички и е пред пласман во големото финале

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING