Почетна Убавина и здравје „Патник без адреса” е песната со која што Ѓоко Јовиќ и Александар Стевановски ќе го освојуваат балканскиот пазар, а еве кој ќе ја отпее (ФОТО)

„Патник без адреса” е песната со која што Ѓоко Јовиќ и Александар Стевановски ќе го освојуваат балканскиот пазар, а еве кој ќе ја отпее (ФОТО)

од nenad
2 минути читај за

Сигурно сите веќе ги препознавате нивните дела во кои што ќе ги вброиме и песните: „За Велигден”, „Решив дома да се вратам”, „Стојне мома на чорбаџи Стојана”…

Ѓоко Јовиќ и текстописецот Александар Стевановски веќе неколку години важат за музичка двојка која што заедно твори и создава нови песни.

Сигурно сите веќе ги препознавате нивните дела во кои што ќе ги вброиме и песните: „За Велигден”, „Решив дома да се вратам”, „Стојне мома на чорбаџи Стојана” и други. Ова се песни кои што се создадени токму од нивната ризница, а своевремено ги отпеа самиот Ѓоко Јовиќ и направи вистински бум со истите.

 

Она што е интересно е тоа што овој тандем покрај песни за нашиот твори и за балканскиот пазар, па токму затоа и ја објавуваме оваа статија.

Поврзани објави

Веројатно се сеќавате на Армин Биједиќ од Босна кој што го препеа хитот на Синан Сакиќ и броејќи преку 30 милиони прегледи на ЈуТјуб, го вивна до ѕвездите, а насловен е како „Куда идеш сречо моја”, или „Каде одиш среќо моја”.

Токму Армин е оној кој што во периодов неуморно работи на новата песна која што за него ја пишуваа Јовиќ и Стевановски, а судејќи по тимот кој што работи на аранжманот и на спотот уште отсега сме убедени дека песната ќе биде вистински погодок за нивните обожувачи.

Планирано е песната да биде објавена во текот на наредниот месец, а дотогаш останува да почекаме.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING