Почетна Технологија Папата повика на итна хуманитарна помош за Палестинците и го поддржа предлогот за прекин на огнот

Папата повика на итна хуманитарна помош за Палестинците и го поддржа предлогот за прекин на огнот

од nenad
2 минути читај за




Папата Франциск повика итно да стигне поголема хуманитарна помош до Палестинците во Газа и Израел и Хамас веднаш да ги прифатат предлозите за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Папата Франциск ги поддржа предлозите за прекин на огнот и рече дека се надева оти двете страни брзо ќе ги прифатат условите, иако тој призна дека разговорите „не биле лесни“.

   

За време на неговата неделна служба, поглаварот на Римокатоличката црква му се заблагодари и на Јордан, кој оваа недела ќе биде домаќин на меѓународна конференција за хуманитарна помош за Палестинците. Тој потсети дека во саботата се одбележаа 10 години од молитвата за мир, која ја организираше во градините на Ватикан, а на која присуствуваа тогашниот израелски претседател Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING