Почетна Македонија Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

од nenad
1 минути читај за

На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството. Тошковски е роден во Велес на 14 јуни 1982 година.Дипломира и магистрира на Правниот факултет во Скопје и има положено адвокатски и правосуден испит.

   

Тошковски беше министер за внатрешни работи и во техничката Влада во 2024 година. Во политиката влегува по повеќе од десетина години работа како адвокат во периодот од 2011 до 2024 година.Од 2011 до 2013 година бил член на одбор на директори на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор сопственост на Република Македонија, додека од 2008 до 2011 работи како советник во Министерството за транспорт и врски.

Членувал во повеќе комисии, бил обучувач во повеќе проекти. Има положено испит за проценка на недвижен имот при Комората на проценувачи, основна обука за протокол при МВР, како и повеќе обуки и семинари за менаџмент, лидерство и управувачки способности.Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека работел како приправник во Основен суд Скопје 2 и адвокатски приправник. Покрај македонскиот јазик, како мајчин, одлично го зборува и англискиот јазик.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING