Почетна Македонија Пандев даде гол за Тимот на светот, Мурињо го нарече МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ!

Пандев даде гол за Тимот на светот, Мурињо го нарече МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ!

од nenad
1 минути читај за




Македонската фудбалска легенда Горан Пандев остави трага на ревијалниот фудбалски натпревар во Букурешт, во чест на најдобрата генерација на романскиот фудбал. Македонскиот ас постигна гол во дуелот на Тимот на светот и репрезентацијата на Романија, која што во 2004 година се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Соединетите Американски Држави.
Во тој тим на Романија играа легенди како Стелеа, Прунеа, Петреску, Попеску, Радучоју, Димитреску, Лакатуш… За тимот на светот, покрај Пандев, настапија уште Литманен, Коуто, Ривално, Дида, Савиола, Мајкон, Карембу, Стоичков…По натпреварот, тренерот на Тимот на светот, Жозе Мурињо, објави селфи со Горан Пандев, нарекувајќи го МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING