Почетна Убавина и здравје Открила вистинско богатство! – Убавина и здравје

Открила вистинско богатство! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Не можела ни да си претпостави дека ќе открие такво богатство

Тоа што за еден човек е ѓубре, за друг може да биде богатство. Понекогаш луѓето фрлаат работи бидејќи не им се допаѓаат веќе, а не се ни свесни дека можат да вредат цело богатство.

Токму тоа ѝ се случила на дигиталната креаторка, Канзас Михалк, која открила дека фустанот што го купила за 15 долари, всушност, е фустан што го сошил познат кројач на ѕвездите од златната ера на Холивуд.

Канзас признала дека нејзината страст кон продавниците за половна облека ѝ потекнува од детството, кога нејзиното семејство немало доволно пари за да купи нова, брендирана гардероба.

„Бевме обични мали луѓе од село кои купуваат на старо или од половни продавници“, рекла таа во интервју за „Фокс Њуз“.

Потенцирала и дека не се срами од тоа.

Овој пат, Михалк ја извршувала својата вообичаена рутина за шопинг. Привршувала со купување, кога во еден момент здогледала светол, блескав вечерен фустан. Михалк се присетила:

„Го видов светкавиот фустан и си помислив: ‘О, боже, многу ќе биде забавно да се носи ова’ и едноставно го фрлив во количката. Не ја ни погледнав етикетата. Не гледав ништо. Бев во фазон: ‘На моите ќерки ќе им се допадне ова’“.

Дури кога Михалк се вратила дома, сфатила дека пронашла нешто извонредно.

Поврзани објави

„Кога го пребарав името на дизајнерот, си помислив ‘Нема шанси, ова е лудо!’“, се присетила таа на моментот кога открила дека купила фустан што го дизајнирал креатор од златната ера на Холивуд.

Среќната жена продолжила:

„И тогаш почнав да го истражувам Олег Касини и дознав колку култен бил тој“.

Олег Касини и Грејс Кели

Михалк купила старински фустан што го дизајнирал Олег Касини за само 15 долари. Сјајот и елеганцијата најпрво го привлекле окото на Михалк, но кога го разгледала подетално, почнала да ѝ се воодушевува на педантната изработка со светкавци и деликатни детали од бисери.

Олег Касини бил легендарен моден дизајнер, познат по своите елегантни и иновативни креации, како и по блиските односи со холивудската елита.

Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Касини станал синоним за американска мода, облекувајќи ги некои од најпознатите личности во тој период, како на екранот така и надвор од него. Неговата клиентела вклучувала холивудски кралски семејства, како што се Грејс Кели, Одри Хепберн, Мерилин Монро, Рита Хејворт, Тина Тарнер, Џина Лолобриџида и многу други.

Креациите на Касини биле обожавани поради нивната безвременска елеганција и вниманието посветено на деталите. Тој бил познат по својата умешност за креирање совршено струкирани фустани, кои станале главен моден тренд кон средината на 20. век. Неговите креации биле олицетворение на софистицираноста и грациозноста, одразувајќи го гламурот на големото платно и атрактивноста на високото друштво.

Михалк допрва треба да истражи кокава е неговата проценета вредност, но цената може да достигне и астрономски износ.

Невеста се омажила во венчаница од 300 денари: Фустанот го нашла во продавница за половна облека!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING