Хрватската писателка Ведрана Рудан неодамна откри дека страда од подмолна болест.
Познатата дама тогаш во својот блог откри дека има карцином, а минатиот месец се огласи на својата официјална страница на Фејсбук и откри дека станува збор за редок тип.
Таа објави нов блог на својата официјална страница наречен „Не жалам“.
Смрт или живот?
Ние кои имаме карцином стануваме лесно немирни кога контролата е на вратата. За некој ден ќе седнам пред моите лекари и ќе чекам што ќе направат со палецот. Дали ќе го кренат во воздухот или ќе го свртат кон бетонот обложен со пластична маса.
Запознав разни лекари. Ми одат на нерви, многу се сериозни. Кога ќе ги погледнете во очите, никогаш не знаете дали се лути затоа што нивната сопруга не им дава или метастазите тргнале во поход. Но не можете да ги промените, па со лажна насмевка на трепетните усни, ја очекувате пресудата.
Смрт или живот?
Смрт. Мене на која со студениот јазик ми го лиже вратот ми е многу поблиску отколку на оние на кои единствена грижа им е што изгубивме една од битките на Олимпијадата. Мене ме продухови, ха, ха, не се палам на баналните теми. На пример, конечно гајле ми е што моите деца не се такви какви што требаа да бидат.
Помеѓу мене и моите деца никогаш немало љубов
Поврзани објави
Дали требаше да бидат поинакви? Тие не ми се јавуваат, а кога ќе ми се јават, во нивниот глас слушам лажна загриженост и искрена здодевност. „Како си, мамо?” „Добро“, зборувам со глас што не е мој, па се поздравуваме. Моите пријатели, моите здрави пријатели страдаат затоа што нивните деца се неподносливи. Студени, нечувствителни. Жал ми е за моите пријатели затоа што не се слободни. Моите деца се странци, непознати луѓе кои ми одат на нерви исто како и јас на нив. Кога беа мали, ја бараа мојата прегратка, со мрсули ми го боеја лицето, со кикотот ме смееја. Нивните рачиња, ноџињата набрчкани како оние француските гуми, сето тоа ме доведуваше до емоционален оргазам. Денес знам дека моите деца тогаш беа животнки кои мораа да бидат прекрасни за да преживеат. Ако не ме гушкаа, туку плукаа во мене, ако не врескаа од среќа кога ќе се појавев на вратата, можеби ќе ги дадев во добри раце, па тогаш тие раце нека се борат со непријатните животинки.
Сакам да кажам, меѓу моите деца и мене никогаш немало љубов. Само чист интерес. Таа ме чупкаа за косата и мижеа од задоволство затоа што намирисуваа дека без мене не можат, а јас свршував од среќа затоа што мислев дека сум се судрила со есенцијата на љубовта. Каква заблуда.
И тогаш … времето лета, па одеднаш од другата страна на масата гледаш странци кои дошле кај тебе на неделен ручек затоа што мислат дека мора да бидат љубезни.
Вашиот сопруг и вие се обидувате по ручекот, додека кафето се лади, да започнете разговор на некоја тема. Па изговарате реченици. Но гостите не ги слушаат. Ниту синот, ниту ќерката, ниту внукот. Тие луѓе не зборуваат, им испраќаат пораки на луѓето што им се важни. Кога ќе го испијат кафето, ќе излезат од мојот живот со насмевка на устата и мраз во очите.
Откога имам рак, го сакам само сопругот
Откако имам карцином, многу малку луѓе ми се потребни, а најблиските воопшто не. Го сакам само сопругот. Тој не се смени. Зажалив што родив, мислев дека ќе родам вечна љубов. На некоја возраст, на никој од нас паметот не му е силна страна. За тоа е виновна биологијата. Ми треба некој чии очи не се ледени, чии раце не се студени, чиј глас не е полн со лажна жалост. И затоа, ако ми каже лекарот дека гледа некакви сенки, но дека ќе биде во ред, ќе му кажам да ја исклучи тажната труба затоа што не жалам за тоа. Јас не изгубив никого, не сум сама, со мене е човекот што го сакам.
Него моите метастази, ако ги има, навистина ќе го каснат за срцето. За поранешните ловци на моите гради полни со млеко ич не ми е гајле. Ракот ја одврза врвката околу моето срце, моите деца нека се борат со своите бури, јас одамна не сум нивниот капетан. Телефонот ѕвони. Внук ми. Ми се јавува по три месеци. Како си, бабичке? Не одговарам на телефонот. Кој те врти, злато бабино.