20
Непознати сторители викендов ја оштетиле иконата на Исус Христос, поставена на крстот кој се наоѓа во големиот парк во населбата Драчево, а до иконата оставиле примерок на Куранот. Верниците се револтирани и бараат најостра казна за вандалите.
Големиот крст во населбата Драчево е осветен пролетва, на верскиот празник Цветници. Од полицијата соопштија дека вандалскиот чин е пријавен денеска и дека преземаат мерки за откривање на лицата кои ја уништиле иконата.