Почетна Македонија ОСМИОТ КАТ И ТЕРАСАТА НА ХОТЕЛОТ НА САШКО СТАНИНОВ ЌЕ ГИ СНЕМА Општина Центар ќе ја отстрани дивоградбата на врвот на „Елса“

ОСМИОТ КАТ И ТЕРАСАТА НА ХОТЕЛОТ НА САШКО СТАНИНОВ ЌЕ ГИ СНЕМА Општина Центар ќе ја отстрани дивоградбата на врвот на „Елса“

од nenad
1 минути читај за

Бидејќи во предвидениот рок даден од општинските власти инвеститорот не ги отстранил нерегуларностите, Општина Центар го презеде случајот. Ќе се отстранува дел од хотелот „Елса“, во сопственито на поранешниот државен фукционер и адвокат Сашко Станинов, информира скопската Општина Центар. Хотелот е лоциран во строгиот центар на Скопје. Осмиот кат и терасата на објектот се категоризирани како нелегални градби, за кои не постои соодветна градежна дозвола, се тврди во службеното решение на градежниот инспектор.

Бидејќи во предвидениот рок, даден од општинските власти, инвеститорот не ги отстранил нерегуларностите, Општината го презеде случајот. – На дел од објектот хотелот „Елса“ ќе се врши отстранување, бидејќи констатирани се неправилности и донесени се решенија за отстранување и заклучок за извршување од надлежни градежни инспектори. За предметната локација целосно е спроведена процедурата.

Склучен е договор со правен субјект кој врши отстранување на дивоградби за потребите на општина Центар и истиот ќе биде спроведен во нареден период – велат од Општина Центар за Плусинфо. Акцијата ќе опфати отстранување на осмиот кат, кој е изграден од челична конструкција со стаклени делови, како и на металната конструкција за терасата поставена на јавна површина. Општината најавува дека ќе продолжи со решителни мерки против сите објекти со нелегална градба, со цел да се обезбеди уреден урбанистички ред и почитување на законските норми.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING