Почетна Технологија Османи во Прага: Евроатлантските интеграции на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност

Османи во Прага: Евроатлантските интеграции на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност

од nenad
1 минути читај за

Во фокусот на состанокот беа актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина. Министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

   

„Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, нагласи Османи.Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија.

Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата земјава веќе го надмина долниот праг од 2% од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING