Почетна Македонија ОСВЕН ПОМПЕЗНИ НАЈАВИ И СЛИКАЊЕ НЕМА НИШТО ОД ПАТОТ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН Изградбата ќе зависи и од интересот на Косово

ОСВЕН ПОМПЕЗНИ НАЈАВИ И СЛИКАЊЕ НЕМА НИШТО ОД ПАТОТ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН Изградбата ќе зависи и од интересот на Косово

од nenad
2 минути читај за

                              Министерот за транспорт заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта ќе контактира со косовската влада за заеднички да се изработи проект за тој пат на кој исто така треба да има тунел.

 

Тој рече дека заедно со претставници на Државни патишта ќе се контактира со косовската влада за да се направи заеднички договор за реализација на проектот. – Тетово-Призрен е предвиден како магистрален пат, но освен сликање и помпезни најави нема ништо од овој проект. Претходната влада давала изјави, но не сработила ништо. Нема никаков проект.

Потпишувани се меморандуми, но проект нема, ниту пак обезбедила пари за негова изградба. Нема ниту изведувач на работите па да се рече дека нешто е направено. Она што јас го направив заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта е да стапиме во контакт со косовската влада за заеднички да изработиме проект за тој пат на кој исто така треба да има тунел.

Врз основа на тоа потоа треба да се бара финансирање и да се бара изведувач. Во овој момент нема ниту проект, ниту финансирање, ниту изведувач, а ДУИ го претставуваше како утре да ќе биде готов – рече Николоски. Тој додаде дека нема информација што е направено од косовска страна за овој проект, но рече дека изградбата на магистралата ќе зависи и од интересот на Косово.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING