Огромни нараснати тревни површини, смет и песок, беше она кое го затекнавме на терен и е постојана грда глетка.Покрај тоа, претставуваше и опасност по безбедноста на овој прометен булевар.Станува збор за делница која ја користат над 100.000 жители, односно не само граѓаните на Драчево туку и од Студеничани, Батинци, Зелениково и Долно Лисиче.
Ние не можевме да останеме глуви на барањата на граѓаните и се впуштивме во акција.
Ваквите и слични акции ќе продолжат и во иднина, а силно верувам дека понатаму со поголема поддршка од надлежните претпријатија.Истовремено, упатувам апел до сите учесници во сообраќајот да бидат поодговорни и да не фрлаат отпадоци долж велосипедската патека.