Повторувам, издаден. Ниту е дониран на невладината организација „Во мојот свет“, согласно критериуми кои што сме ги поставиле во огласот за изнајмување, а преку законски и транспарентен процес кој што го контролира министерството за финансии – изјави во изјава за Сител Стојкоски. Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години, реагира во изјава за телевизија Сител градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на соопштението на Левица.
– Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години. Морам да напоменам, просторот на старата општинска зграда е издаден. Повторувам, издаден. Ниту е дониран на невладината организација „Во мојот свет“, согласно критериуми кои што сме ги поставиле во огласот за изнајмување, а преку законски и транспарентен процес кој што го контролира министерството за финансии – изјави во изјава за Сител Стојкоски. Стојкоски навави лична тужба и тужба од страна на општината против Левица.
-А јас исто така во консултација со мојот адвокатски тим ќе поднесам лична и тужба од општината Ѓорче Петров. Тоа што сакаат да го направат се должи на резултат на константно опаѓање на нивните гласови во Ѓорче, бидејќи за последните парламентарни избори имаа дури 30 посто помалце гласови од тоа што го имаа на локалните избори – вели Стојкоски. Претходно Левица најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, поради пречекорување на границите на своите службени овластувања и сериозни сомнежи за криминална и коруптивна бизнис зделка.
„За жал, зад превезот на најавениот Центар за лица со аутистичен спектар во општина Ѓорче Петров, градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ со намера да ги прикријат игрите за личен профит, грубо и неколкукратно прекршија низа Закони и целосно го прескокнаа Советот на Општина Ѓорче Петров при донесувањето на Одлуки од надлежност на Советот. Центарот којшто вчера беше најавен пред медиумите, ќе се наоѓа во старата општинска зграда и претставува донација од бугарската амбасада. Како што потенцираа на вчерашната прес-конференција бугарскиот амбасадор, министерот Таравари и градоначалникот Стојкоски, општинската зграда, односно земјиште, е донирано“, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека примената и дадената донација, односно располагањето со имотот во општинска сопственост, се противзаконски дејствија бидејќи надлежен орган за донесување вакви одлуки е Советот на Општината. За овој Центар и преземените чекори, Советот и советниците воопшто не беа ниту информирани, односно за преземените дејствија и донесените своеволни одлуки од страна на Градоначалникот се информираа од вчерашната прес-конференција!