На оваа седница, Комисијата за прашања на верификација , мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош, го констатираше престанокот на функцијата Советник во советот на Општина Карпош, на членот на советот, Роберт Велјановски, а новоизбраниот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“,е Предраг Станковски, кој даде свечена изјава /заклетва, со која се обврза дека „ чесно, транспарентно и достојно ќе работи во интерес на граѓаните на Општина Карпош“.
На оваа седница беа усвоени Годишните извештаи за работата на четирите јавни установи-општински детски градинки „Мајски Цвет“, „ Распеана Младост“, „Пролет“ и градинката „Орце Николов“, за 2023/2024 година, како и се усвоија Годишните програми за работата на овие градинки за 2024/2025 –та година. Исто така, денеска советниците ги усвоија и Годишните програми за работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, односно за „ Аврам Писевски“, „Братство“, „Владо Тасевски“, „ Петар Поп Арсов“ и „Димо Хаџи Димов“, како и за училиштата „ Јан Амос Коменски“, „ Христијан Тодоровски-Карпош“, „ Војдан Чернодрински“, „Вера Циривири Трена“ и за „Лазо Трповски“.