Операцијата на естрадниот новинар Зоран Василевски – Фаци, која денеска требаше да се изврши во една од приватните скопски болници, е одложена.
Јутјуберот Стефан Лазаров, инаку близок соработник и пријател на Зоки Фаци, денеска повторно се огласи на социјалните мрежи.
Поврзани објави
„Здраво луѓе. Знам дека сите очекувате нови информации околу Зоки па да ве известам. Вчера е хоспитализиран и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што ми пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде подготвен“, напиша Лазаров.
Инаку, пред еден месец Лазаров на својот профил на Фејсбук објави апел за помош на Зоки Фаци. Потоа, Зоки замина на лекување за Турција, но пред две недели се врати. Зоки таму бил подложен на низа испитувања кои, како што откри Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра, по што била донесена одлуката да се оперира во Скопје.
Фото: Инстаграм Принтскрин @_lazarovv https://www.instagram.com/p/C-w76elt7Sm/?hl=en