Гламурозната мајка на Бјанка Цензори сè уште се нема огласено во врска со коментарите дека нејзиниот зет Канје Вест сакал да биде интимен со неа
Оваа згодна жена е мајката на Бјанка Цензори, за која се зборува дека добила непристојна понуда од зетот Канје Вест. Иако негува далеку поумерен стил од својата ќерка, и таа често ја истакнува линијата на своето тело, но она што ѝ го приредил раперот е повеќе од срамно.
Имено, неговата поранешна асистентка открила дека кога раперот првпат ја видел мајката на неговата тогашна вработена, комплетно полудел по неа и побарал од својата идна сопруга да му ја „намести“ нејзината родена мајка!
Поврзани објави
Инфлуенсерката и поранешната ѕвезда на OnlyFans, Лорен Пишиота, го тужела Канје во јуни поради наводно сексуално вознемирување и демнење додека работела за него во 2021/2022. Во својата тужба изнела низа примери на развратното однесување на Канје Вест на работното место, а една од тие ситуации била токму оваа со Александра Цензори.
Наводно, Канје Вест има фетиш да има интимни односи со мајките на неговите сексуални таргети, а дали тоа некогаш му успеало, не е познато.
ФОТО: Принтскрин Пинтерест, Принтскрин Инстаграм @the.real.bianca.censori