Почетна Технологија ОКТОМВРИСКИ РОЗОВ КАРАВАН – ПРЕВЕНЦИЈАТА НАЈДОБРА ЗАШТИТА

ОКТОМВРИСКИ РОЗОВ КАРАВАН – ПРЕВЕНЦИЈАТА НАЈДОБРА ЗАШТИТА

од nenad
1 минути читај за




Почитувани,  Информираме дека Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка. Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол”, каде ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка. 

Исто така, на 26 октомври во 13:00 часот ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош  и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол” и „Синеплекс”.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING