Почетна Македонија Околу 260 илјади жени со здравствено осигурување без матичен гинеколог, околу 134 илјади го немаат ниту едното, ниту другото

Околу 260 илјади жени со здравствено осигурување без матичен гинеколог, околу 134 илјади го немаат ниту едното, ниту другото

од nenad
1 минути читај за




Податоци од здравствени институции и здруженија покажуваат дека не е мал бројот на жени во Македонија кои немаат избрано матичен гинеколог и на оние, кои подолг период не посетиле гинеколог. Здравствените работници во државава се едногласни дека е потребно да се подигне свеста по ова прашање и да се зголеми бројот на работилници и едукации во училиштата, кога станува збор за женското здравје.

Податоците од годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување за 2022 година, покажуваат дека бројот на жени, без избран матичен гинеколог, а со здравствено осигурување, е околу 260.000, а бројот на оние без здравствено осигурување и без избран матичен гинеколог, околу 134.000 лица. Доколку се земе предвид дека во земјава 50,4 отсто од активното попишано население се женски лица, тогаш бројот на жени со здравствено осигурување, а без избран матичен гинеколог, изнесува околу 28 проценти.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING