Почетна Убавина и здравје Ожалостената поворка врескала од ужас, за влакно била избегната трагедија – Убавина и здравје

Ожалостената поворка врескала од ужас, за влакно била избегната трагедија – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Повеќе од 70 луѓе кои дојдоа да го испратат починатиот почнаа панично да бегаат.

Во последните недели во Романија се снимени неколку средби на луѓе и мечки, а пред неколку дена во Сегешвар за малку ќе се случеше трагедија кога мечка „оапднала“ на погреб.

Види мечка! Доаѓа кон нас! Доаѓа кон нас!”, врескале испаничените луѓе кои дошле да го испратат починатиот.

На погребот присуствувале 70-тина луѓе и сите панично почнале да бегаат. За среќа, викотниците и бркотницата го исплашиле животното, кое се повлекло во шумата, но сепак продолжило да го следи својот плен.

Поврзани објави

Мислам дека ако бевме помалку, сигурно ќе нè нападнеше. Вака се исплаши. Истрча назад кон ридот, па застана, повторно почна да трча кон нас, па повторно се повлече – рекол човек кој бил на погребот.

Сè се случило во село на околу 40 километри од Сегешвар. Гробиштата се наоѓаат покрај шума од која заталкала мечката.

Мечката беше многу раздразлива, на крајот застана и нè гледаше повеќе од една минута. Конечно се сврте и се врати во шумата. Сè пријавивме кај надлежните, побаравме од месната заедница да добие дозвола од министерството за да го убие животното доколку стане агресивно – велат мештаните.

Романските медиуми потсетуваат дека мечка неодамна направи масакр во село во близина на Регина. Успеала да урне дел од шталата и да му убие 30 овци на сопственикот.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING