Почетна Убавина и здравје Од што се плашат мажите? – Убавина и здравје

Од што се плашат мажите? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Колку и да се силни мажите, сепак потиснуваат многу стравови и честопати се вознемируваат поради нив. Следуваат некои од најчестите стравови на мажите, кои тие ретко признаваат дека ги имаат.

Страв дека не можат да ја задоволат својата партнерка

Многу мажи се плашат дали ќе можат сексуално да ја задоволат својата партнерка. Тоа кај нив предизвикува чувство на несигурност и чувство дека се лоши љубовници. Дополнително кон овој страв влијае и фактот што жените поретко доживуваат оргазам.

Страв од загуба на ерекцијата

Ова е еден од најголемите стравови на мажите. А најлошото е што ако постои овој страв, многу поголема е веројатноста и дека ќе стане реалност, затоа што стресот и несигурноста се најголеми непријатели на машката ерекција.

Да оќелават

Поврзани објави

Еден од најголемите кошмари на мажите е да ја изгубат својата коса. Особено преокупирани со овој проблем се мажите кои забележале дека нивниот татко повеќе нема потреба од чешел. Милиони мажи низ светот користат различни продукти со цел да го спречат опаѓањето на косата.

Да се здебелат

Не си мислете дека само вие имате комплекси од ставањето на некое килце. И мажите се свесни дека кога се во форма им се попривлечни на жените и дека жените не сакаат мажи со „пивски“ стомак. Сè повеќе мажи држат диети и посетуваат фитнес сали.

Да бидат критикувани во јавност

Мажите имаат големо его. Кога се критикувани во јавност, нивното его е повредено, па тоа е еден од нивните најголеми стравови. Никогаш не го критикувајте вашиот партнер во јавност, особено пред неговите другари. Зачувајте ги критиките за моментите кога сте сами.

Да бидат перципирани како хомосексуалци или премногу женствени

Многу хетеросексуални мажи во одреден момент од животот се плашат да не бидат перципирани како хомосексуалци или како премногу женствени. Мажите секогаш се стремат да потиснат сè од нивната личност што може да биде сметано за женствено.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING