35-годишна туристка загина во одрон на карпи во клисурата Самарија на Крит, а се смета дека другите туристи се блокирани во областа каде што планинареле, пренесува Катимерини. Според информациите од лекарскиот преглед, жената била повредена во потколеницата и починала од неконтролирано крварење. Мобилизиран е хеликоптер за да го пренесе нејзиното тело од клисурата.
Властите започнаа операција за евакуација на другите посетители на клисурата на безбедно, бидејќи постои страв дека врнежите би можеле да предизвикаат нови одрони на карпите. Во операцијата се вклучени екипи на Специјалната единица за справување со катастрофи (ЕМАК) и противпожарната служба. Временската прогноза беше со слаб дожд, со можност за нагло силен ветер.
Две лица се вратија на влезот од клисурата, 20 лица се придружувани до излезот, додека десет лица се во напуштеното село Самарија, на половина пат од патеката, каде што би можеле да преноќат. Од утрово клисурата ја посетиле околу 1.100 луѓе. Со должина од 16 километри, клисурата Самара е една од најдолгите во Европа.