Почетна Технологија ОДЗИВОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Е 53,30 %, А НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ 46,31 %

ОДЗИВОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Е 53,30 %, А НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ 46,31 %

од nenad
2 минути читај за




Излезноста до 19 часот за претседателски избори е 46,31 отсто според пристигнатите податоци од над 92 отсто од избирачките места, кажа претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на прес-конференција. Најголема излезноста има во Новаци – 72,76 отсто, а најмала во Липково – 7,35 отсто. Споредено со првиот круг намалувањето на излезноста е 3 отсто.

За парламентарни избори, излезноста е 53,30 отсто според пристигнатите податоци од над 92 отсто од избирачките места. Најголема излезност има во Новаци – 74,85 отсто, а најмала во Центар Жупа – 18,62 отсто. Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување од 7,43 отсто.

   

По изборни единици, излезноста е 1 – 59,32%, 2- 52,39%, 3 – 57,77%, 4 – 58,36%, 5 – 50,91%, 6 – 40,40%.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING