Почетна Убавина и здравје Овие фрази никако не смеете да ги користите за време на кавга со саканиот!

Овие фрази никако не смеете да ги користите за време на кавга со саканиот!

од nenad
3 минути читај за

И партнерите со најхармонични односи понекогаш навлегуваат во конфликтната зона. Во зависност од пристапот, кавгите може да влијаат стимулирачки и да ја зајакнат врската, или пак, да го поплочат патот до неминовна разделба.

Доколку не сакате да ја преминете црвената линија од која понекогаш нема враќање, потрудете се овие сурови реченици да не ги користите за време на тензичните „дискусии“.

НАВИСТИНА СИ ГОЛЕМ…

… идиот, морон, лажго, мочко, мамин син.

Всушност, тука спаѓа секој навредлив збор којшто може да ви падне на памет. Гледано од страна, кавгата изгледа навистина незрела, детска и смешна, доколку се навредувате со вакви зборови. Не заборавајте дека зборовите имаат моќ да повредуваат и остануваат засекогаш.

Воздржете се од употреба на навредливи изрази и едноставно обраќајте му се со неговото име. Дури и во време на „љубовна војна“ задржете ги манирите и своето достоинство.

ЗОШТО НЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ КАКО…

… дечкото на Тамара? Повеќе како брат ти?

Споредбите со други луѓе можеби ви изгледаат како ефективен начин за мотивирање и подобрување на саканиот. Но, ваквите изнудени компарации дополнително ја разгоруваат караницата. Токму поради тоа, споредбите треба да останат заклучени во вашите мисли.

Поврзани објави

За илустрација, вие размислувате – „Тамара навистина ослабе многу, штом може таа, можеби ќе можам и јас“, но доколку партнерот ви пререче „Зарем не можеш да симнеш некој килограм како Тамара“?, тогаш веќе споредбата добива многу поинаков, односно навредлив карактер.

ТЕ МРАЗАМ

Ако дозволите љубовната расправија да ескалира до овој размер, навистина тешко ќе може да ја поправите штетата подоцна. Ова е една од оние изјави поради кои ќе посакате да го вратите времето назад и ќе си го прекасате јазикот во моментот по нејзиното гласно изговарање.

И покрај тоа што се изјавени во афект, овие зборови одѕвонуваат долг временски период, а штетата која ја предизвикуваат понекогаш е непоправлива. Правилото е едноставно – не кажувајте „Те мразам“ за време на кавга.

НАВИСТИНА НЕ МИ Е ГАЈЛЕ

Од жестока и бесна караница која ги надминува „нормалните“ децибели, наеднаш преминувате во индиферентно расположение, затоа што сметате дека тоа е вистинскиот начин да се оладат две вжештени глави.

Можеби понекогаш е добро да го напуштите „военото поле“, но не паѓајте во искушение да ја затворите вратата со зборови кои укажуваат дека ви е сосема сеедно. Дали има смисла да се остане во врска со личност на која навистина не ѝ е гајле?

НЕ СУМ ЛУТА

Одбивате да комуницирате и наместо да направите простор за здрава дискусија, вие детски и инаетливо ја вртите главата настрана и го убедувате дека не сте лути. Мажите одамна го дознаа значењето на женското „Ништо“, зошто мислите дека некој ќе поверува во оваа проѕирна лага?

Олеснете си ја душата и направете ѝ пат на искреноста. Јасно дајте му до знаење зошто сте лути. Да не сте, воопшто и не би ни имало караница.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING