Оваа повозрасна германска двојка ја краде светлината на рефлекторите секогаш кога ќе се појави во јавност
Берлинските модни икони Брит Канја и Гинтер Крабенхофт стареат како добро вино. И покрај тоа што се во својата сребрена доба, овој повозрасен брачен пар води активен живот и не само што се појавуваат на секакви културни и општествени настани, туку и секаде го крадат сето внимание.
Каде и да се појават, слатките сопружници секогаш се издвојуваат од толпата во своите беспрекорни модни комбинации. Брит и Гинтер делат одлична смисла за мода и го совладале комбинирањето на својата гардероба, кое никогаш нема да излезе од мода.
Гинтер, всушност, стана популарен пред неколку години и го доби прекарот хипстер-дедо. Своето евидентно здравје му го припишува на танцот, кој го открил дури на постари години.
„Оттогаш можам да ја прескокнам секоја друга фитнес-програма. Само ми треба малку тренинг за сила“, рекол тој.
Интересно е тоа што тој никогаш не бил стилист или моден дизајнер.
Поврзани објави
„Го сакав тоа, да. Но не бев некој кој се буни, па го правев тоа што ќе ми го кажеа родителите.“
Така, Гинтер станал готвач.
„На почетокот ми беше тешко, но беше во ред. Сосема нормална работа.“
Меѓутоа, хипстер-дедото открил дека отсекогаш го интересирала модната.
„Во Хановер, каде што пораснав, трчавме наоколу во мини-здолништа и по римски сандали! Но брзо го надраснавме тоа. Кога дојдов во Кројцберг пред повеќе од 30 години, главно бев облечен во црно, во типичен алтернативен стил – но секогаш со посебен личен додаток.“
Гинтер рекол дека секогаш се менувал, исто како и неговиот моден стил. За него, најважна е хармонијата меѓу внатрешното и надворешното.