Table of Contents
Експертот Вилијам Хенсон тврди дека одредени детали во домот се одраз на немаштија и невкус
Сите сакаме да се чувствуваме што попријатно во својот дом и да го разубавиме по свој вкус, без да се потпираме премногу на трендовите или на насоките од експертите за уредување на домот. Меѓутоа, со желба да оставиме личен печат, честопати правиме одредени грешки кои се голем минус, бидејќи наместо да покажат кои сме, откриваат нешто што никако не ни оди во прилог.
Имено, постојат работи во домот кои едноставно покажуваат дека немате стил и дека сте сиромашни, по дух или материјално. Експертот Вилијам Хенсон открил кои предмети во станот издаваат дека живеете во немаштија.
Сатенска постелнина во боја
„Повеќето луѓе мислат дека сатенската постелнина, особено црната, е врвот на луксузот, а всушност е врв на невкусот. Постелнината треба да биде квалитетна, од памук, лен или мешавина од двете. Свилата и сатенот се за простаци и за умислени плејбои“, открил Хенсон, а ние немаме што да додадеме на тоа.
Потоа, го проширил списокот…
Кадифени играчки
Мислите дека е слатко што и понатаму ги чувате вашите спомени во вид на кадифени животинчиња? Хенсон не се согласува и вели дека врвот на невкусот е кога некои од тие животни држат срце, цвеќе и љубовни изјави во шепите.
Поврзани објави
Огромни огледала
Огромните огледала на невообичаени места се вулгарни. Тие врескаат дека сте нарцис, и не само тоа! Сè уште не се родил човек кој поставил огледало на таванот во спалната соба, а кој навистина изгледал толку добро колку што мислел дека изгледа. Всушност, колку е поголемо огледало, обично толку погрд е човекот – тврди овој експерт.
Мебел од стакло
„Одржувањето на овој мебел е таква досада што не вреди ни да се размислува за тоа, а камоли да се купи такво нешто. Освен тоа, таквиот мебел е резервиран само за пониската класа. Доаѓа предвид само даб или махагони“, советува експертот.
Купишта перници
„Очигледно е дека еднаш сте си дозволиле летување во Дубаи, па полни сте со впечатоци. Да ја скратам приказната – колку повеќе перници имате, толку победни сте“, заклучил тој на крајот.
Се согласувате со експертот или мислите дека претерува?