Почетна Убавина и здравје ОВА се 5 ТОП ВЕЖБИ за ЗАДНИК од соништата подготвени од фитнес тренерот АНГЕЛА ЈОВЕВСКА – Убавина и здравје

ОВА се 5 ТОП ВЕЖБИ за ЗАДНИК од соништата подготвени од фитнес тренерот АНГЕЛА ЈОВЕВСКА – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате, во телото се ослободуваат ендорфини, кои ви го подобруваат расположението.

,,Убавина и здравје” заради афирмирање на вежбањето и здравиот начин на живот за вас објавува серијал со презентација на вежби.

Фитнес тренерот со долгогодишно искуство Ангела Јовевска овојпат подготви топ 5 вежби за цврст и извајан задник, поефикасни од сите други. Доколку сте дисциплинирани и редовно ги практикувате, успехот е гарантиран.

Погледнете ги вежбите кои за краток период ве делат од задникот од соништата!

Hip Thrust – Стопалата се поставуваат малку пошироко од колковите, на она растојание кое ќе овозможи паралелност на колената со петите во крајната позиција. Движењето се изведува со темпо 3:1 со кревање на тежината со помош на колковите, додека стомакот останува стегнат во текот на целото движење.

Sumo squat– Стопалата се поставуваат отворени на надвор, колената се движат паралелно во правец на прстите на стопалата. Движењето се изведува со темпо 3 : 1 (3 секунди спуштање, 3 секунди враќање во почетна позиција).


Поврзани објави

Glute medius -Телото е наклонето кон напред, Стопалото е отворено на надвор, движењето се изведува со исправена нога со темпо 3 : 1

 

RDL (Romanian dead lift)– Стопалата се поставуваат на растојание кое одговара на поставеноста на рамениците-односно паралелно со нив), колената при целото движење остануваат во паралелност со петите од стопалата) Движењето се изведува со темпо 3 : 1

Glute minimus – Телото е наклонето кон напред, ногата се отвора во страна со движење на коленото кон висината на колкот.

 

Подготвил: Татјана Пуленџовска

Фитнес тренер: Ангела Јовевска

Фото + Видео: Приватна архива

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING