Српската и балканска ѕвезда Марија Шерифовиќ синоќа (10.11) одржа концерт во арената „Борис Трајковски“, на кој, не само публиката, туку и таа ќе се сеќава цел живот.
Пејачката уште на првата песна беше пречекана со овации, а публиката запеа со неа во еден глас.
Како што се нижеа песните, така се зголемуваше еуфоријата, а атмосферата ја доживеа својата кулминација кога Марија ја испеа евровизиската „Молитва“.
Всушност, Шерифовиќ и не пееше, туку како да ѝ диригираше на неколкуилјадната публика, која во цел глас пееше од прв до последен стих.
На неколкупати во текот на концертот пејачката велеше дека не е свесна што ѝ се случува и се заблагодаруваше за љубовта што ја добива од македонската публика.
Поврзани објави
Во еден момент на Марија ѝ подарија тегла со ајвар, па таа го проба „македонскиот кавијар“ и го оцени со 8,5.
Публиката ѝ правеше ѕвездено небо, а секоја песна ја наградуваше го громогласен аплауз и овации, па ни Шерифовиќ во ниеден момент не ги криеше своите емоции.
На самиот крај Шерифовиќ изјави: “Овој дел од мојата личност би бил глупав и нецелосен без вас. Бидете добри и бидете добро и запомнете само едно нешто, мирниот сон нема цена. Ве сакам сите“.
Фото: Стефан Самандов