Рецептот на Јелена Карлеуша за омиленото јадење на Душко.
Поп-пејачката Јелена Карлеуша со години е вегетаријанец, откако, како што вели, сфатила колку животни умираат заради човечката исхрана. Оттогаш таа се бори за правата на животните, а месото не е добредојдено во нејзината куќа.
Но порано не беше така, а доказ за тоа е шоуто со Наташа Илиќ во кое ЈК приготви неколку јадења, меѓу кои и свинско филе. Рецептот на Јелена Карлеуша за ова јадење со месо тогаш ги воодушеви сите, бидејќи е брз и лесен за приготвување, а многу вкусен.
Несомнено ова беше едно од омилените јадења на Душко од кујната на Јелена, но очигледно е дека поп-дивата никогаш повеќе нема да го приготви, бидејќи одамна се префрли на растителна исхрана.
Никогаш не сум болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо. Јадам многу овошје и зеленчук. Многумина ќе се изненадат, но јас никогаш не сум пиела кафе. Пијам три литри вода дневно, а слаткото го презирам. Сето тоа придонесува за мојата вита линија – изјави еднаш Јелена.
Рецепт на Јелена Карлеуша за свинско филе:
Поврзани објави
Состојки: 4 свински филеа, лук, 1 дл бело вино, мешавина од зачини.
Приготвување:
Крупно исечкајте неколку чешниња лук, ставете ги во тавче со преполовени филеа свинско месо, сè посипете со мешавина од зачини, па пржете на средна температура околу пет минути. Потоа, додајте бело вино по вкус и оставете го да врие околу дваесет минути. Јелена со филето послужи цели печурки динстани во путер.
Фото: Prinstcreen Instagram/Youtube