Почетна Македонија ОВА Е КОМИЧНО Силјановска Давкова: Ја прифаќаме Преговарачката рамка, но не и уставните измени

ОВА Е КОМИЧНО Силјановска Давкова: Ја прифаќаме Преговарачката рамка, но не и уставните измени

од nenad
1 минути читај за

Таа во претседателската дебата заедно со кандидатот за претседател поддржан од СДСМ – Стево Пендаровски на ТВ21 потенцираше дека уставните измени нема да го решат проблемот, туку дека напротив ќе го продлабочат.

   

– Преговарачката рамка ние ја прифаќаме. Ние не го прифаќаме само елементот врзан за уставните измени и мислиме дека со поинаква добрососедска интерпретација, дека ако се копенхагенски критериуми во прашање може вето, нека си разговараат комисиите инаку не може да се употреби тоа за вето и ги почитуваме европските темелни вредности и принципи и преговарачката рамка, ама и себе претседателе – рече Силјановска Давкова.

На новинарско прашање како земјава ќе го продолжи патот кон ЕУ и како ќе се надмине проблемот со закочените измени во Уставот, Силјановска Давкова рече дека ако некој ги закочил уставните измени, тоа е сегашниот технички премиер, бидејќи не го ставил во првата фаза на гласање предлогот за измени на Уставот, само помина во Комисијата.

– Тој го стави во фиока и со тоа се самопрогласи за американски претседател кој на некој начин во џеб ги стави уставните измени, а нема право на тоа. Јас сум за тоа и кажав оние кои можат да предложат уставни измени, тие тоа не го процесуираа, инаку ќе се видеше дека слично како и народот, и пратениците внатре, дури и од опозицијата некои мислат слично на мене – вели таа.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING