Почетна Свет Објавен Конкурсот за учество на 15. школа за млади лидери на поранешниот, Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов

Објавен Конкурсот за учество на 15. школа за млади лидери на поранешниот, Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов

од nenad
2 минути читај за

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека 15-та Меѓународна обука за млади лидери на претседателот Иванов ќе се одржи во периодот од 1-13 октомври 2024 година. Денес е објавен конкурсот за учесници на школата која ќе биде на темата „Лидерство за мир“. Рокот за аплицирање на конкурсот е до 30 јуни 2024 година.

Програмата на 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид. Таа е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина.

„Школата опфаќа интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство, панел дискусии, работилници и тимска работа на проектна задача. Програмата е прилагодена да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив. Со планираните активности во програмата се стремиме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери. Да иницираат промени и да ги предводат, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, да одговараат подготвено и да иницираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат и да вложуваат во својот професионален и личен напредок“, информираат од Кабинетот на поранешниот претседател.

Бројот на учесници на школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади од Република Македонија и од странство кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот. Повеќе информации за конкурсот во објавите на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на Школата за млади лидери , како и на веб и на фејсбук страната на поранешниот претседател Иванов.

Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 14 обуки учествуваа околу 550 млади луѓе од Македонија и од целиот свет со различен академски и професионален фокус. Над 350 предавачи и говорници од Република Македонија, Европа и светот одржаа предавања пред четиринаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери. Во 2018 година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.


Post Views:
36

Извор : vesnik-ilinden.com

Објавен Конкурсот за учество на 15. школа за млади лидери на поранешниот, Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING