Почетна Убавина и здравје Облекла костим што подмладува и истанчува! – Убавина и здравје

Облекла костим што подмладува и истанчува! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сѐ е подготвено за филмскиот спектакл во Венеција кој започнува денес, на 28. август, а бројни познати личности, на чело со Моника Белучи, веќе пристигнале во прекрасниот италијански град

Италија деновиве ќе биде центарот на актерскиот свет, бидејќи денес е отворањето на 81. Филмски фестивал во Венеција. Во прекрасниот град на реката Брента веќе се собрале големи холивудски имиња, но кога пристигнала познатата Моника Белучи во бротче, како сите други да паднале во втор план.

Имено, легендарната актерка се појавила во друштво на својот партнер, филмскиот режисер Тим Бартон, и не ја симнувала насмевката од лицето. Обожавателите веднаш ги опкружиле, барајќи им автограми, а славната двојка се трудела да ги испочитува сите.

Моника, како и обично, се одлучила за безвременска класика, па за оваа пригода одбрала бел костим што го искомбинирала со црна блуза. Сѐ ѝ стоело совршено, дури и луѓето на социјалните мрежи коментирале дека во него изгледа многу послабо.


Поврзани објави

Овој стајлинг го надополнила со бела чанта, додека воопшто не го симнувала нејзиниот омилен моден додаток – големите црни очила за сонце.

Како и секоја година, во Венеција се очекува спектакл на којшто ќе бидат прикажани долгоочекувани филмови, како што е продолжението на „Џокер“, во кое глуми и Леди Гага, а големо внимание привлекува и филмот за Марија Калас, чиј лик го оживеала Анџелина Џоли.

Филмот што го отвора годинешниот фестивал е „Битлџус“ на Тим Бартон, а познато е и дека Кевин Костнер ќе ја претстави својата вестерн-сага, „Хоризонт: Американска сага – Прво поглавје“.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING