Почетна Убавина и здравје Нутриционистите објаснуваат со што да ги замените – Убавина и здравје

Нутриционистите објаснуваат со што да ги замените – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Обрнете внимание на овие намирници, бидејќи тие најмногу го покачуваат холестеролот

Покачениот холестерол значи дека дошло до потенцијално опасни промени во однос на масните супстанции што циркулираат во крвотокот.

Се смета дека во повеќе од 50 отсто од случаите причината за „скокот“ на мастите е исхраната заснована на намирници богати со заситени масти. Покачениот холестерол доведува до создавање масни наслаги на артериите, а на крајот и до нивно затнување.

За ова нарушување придонесуваат и состојбите како што се намалена функција на тироидната жлезда (хипотиреоза), долгорочно пушење, консумација големи количества на алкохол, кафе, физичка неактивност, долготраен континуиран стрес, употреба на орални контрацепциски средства и генетски предиспозиции.

Ова се петте намирници што треба да ги одбегнувате…

Црвено месо

Црвеното месо, како говедското, свинското и јагнешкото, е богато со заситени масни киселини. Најмногу масти содржат плескавиците, ќебапите, ребрата, котлетите и печеното месо. Тоа не значи дека неопходно е комплетно да ги одбегнувате овие намирници, туку само повремено да ги консумирате. Ограничете ја количината на 90 грама и одбирајте попосни делови од месото.

Пржена храна

Панирањето (брашно, јајца, лебни трошки) и пржењето во длабоко масло ја зголемува енергетската вредност на намирниците со заситени масти. Подобро е да ја готвите храната во сопствената маст или само малку намрсена во рерна.

Поврзани објави

Месни преработки

Виршлите, колбасите и сличните производи се прават од месни остатоци, маснотии што се отстрануваат од месото, но и од животинската кожа, па затоа имаат високо ниво на заситени масти.

Пекарски производи

Со претворањето на маслото во цврст производ се добиваат транс-масти, кои лесно ги оштетуваат внатрешните ѕидови на крвните садови. Одбегнувањето на пекарниците е најдобрата опција или можете да си правите печива дома, со контролирани состојки.

Слатки и грицки

Слатките и грицките не само што се извор на скриени шеќери и соли, туку и содржат големо количество на трансмасни киселини. И во овој случај најдобро е да ги одбегнувате секогаш кога можете или да си приготвувате домашни колачи.

Обрнете внимание!

Прекумерното консумирање алкохол може да доведе до покачување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, покачен крвен притисок, а потоа и до срцева инсуфициенција. Прекумерната консумација на алкохол доведува до замастен црн дроб.

Пушењето го снижува нивото на добар холестерол и го покачува нивото на лош холестерол. Хемикалиите во тутунот ги оштетува ѕидовите на крвните садови, што доведува до наталожување штетни масни наслаги.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING