Почетна Економија НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

од nenad
3 минути читај за

Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го намали ризикот од срцеви болести, па дури и да го зголеми нивото на енергија.

Тогаш, каков појадок да изберете за првиот оброк во денот?

Постои изобилство од избор, од овесна каша, чаша јогурт со чиа семе или пак печено интегрално лепче со некој вкусен намаз, но ние сакаме да ви препорачаме нешто поразлично – крцкави и здрави мусли со двојно чоколадо.

Новите кранчи мусли со двојно чоколадо на Виталиа се совршено крцкав и вкусен, а сепак целосно здрав појадок кој можете да го консумирате без да чувствувате грижа на совест.

Со ваков избор на појадок, не можете да погрешите. Кранчи муслите со двојно чоколадо се богат извор на растителни влакна, што ги прави балансиран и хранлив оброк со кој ќе бидете сити подолго време. Притоа, темното чоколадо важи за ненадминлив антиоксидант, кој го подобрува расположението и дава енергија, а во комбинација со парчињата бело чоколадо отвора цела палета од вкусови создадени за љубителите на слатките задоволства.

А пак, кој вели дека муслите мора да се јадат само за појадок, потопени во млеко?

За да го интензивирате вкусот, потопете ги кранчи муслите во јогурт или додадете им сушено овошје по ваш вкус.

Или пак, ако ги преферирате муслите помеки, потопете ги и оставете ги да стојат во текот на вечерта и да ги впијат сите нутриенти.

Но, кранчи муслите на Виталиа не мора да се јадат само за појадок. Тие може да бидат и вкусен додаток на некој здрав десерт или пак закуска која ќе ве засити во текот на денот.

Здравото тело и здравиот ум зависат од навиките кои самите ги воспоставуваме, а утрото го поставува патот на секој нов ден. Затоа, одберете вкусен и здрав појадок кој ќе ви даде енергија и соодветно ќе го подготви телото за секојдневните предизвици.

Кранчи муслите со двојно чоколадо се само еден избор од широката палета на здрава храна на Виталиа, што можете да ги јадете безгрижно без да броите калории. Погледнете го целиот асортиман на: https://www.vitalia.com.mk/shop-mk/.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING