Северна Кореја тестираше ново „самоубиствено беспилотно летало“, изјавија државните медиуми во понеделникот, додека лидерот Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на оружјето, за кое експертите рекоа дека е дојдено од Русија, објави Times of Izrael.
Ким Џонг-ун со двоглед гледал како беспилотните летала ги разнесувале метите. Претходно изјави дека е „неопходно да се развијат и произведат повеќе самоубиствени беспилотни летала“, пренесе официјалната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).
Самоубиствените беспилотни летала носат експлозиви дизајнирани да бидат намерно урнати во непријателски цели, ефикасно дејствувајќи како водени проектили. Сите беспилотни летала кои Северна Кореја ги тестирала на 24 август „правилно ги идентификувале и ги уништиле назначените цели по различни претходно поставени правци“.
Ким Џонг -ун исто така рече дека неговата земја ќе работи на „проактивно воведување на технологија за вештачка интелигенција во развојот на беспилотни летала“.
Експертите пак изјавија дека беспилотните летала објавени на сликите од страна на државните медиуми изгледаат слично на израелското беспилотно летало „HAROP“, рускиот „Lancet-3“ и израелскиот „HERO 30“.
Северна Кореја можеби ги зела овие технологии од Русија, која пак најверојатно ги добила од Иран.
„Самоубиственото беспилотно летало кое изгледа слично на HAROP може да лета над 1000 километри“, рече Чо Санг-кеун, професор на Корејскиот напреден институт за наука и технологија во Јужна Кореја.