Почетна Убавина и здравје Новиот спот на Тропико бенд има тешка емотивна приказна и е посветен на една жена, а има и зошто (ВИДЕО)

Новиот спот на Тропико бенд има тешка емотивна приказна и е посветен на една жена, а има и зошто (ВИДЕО)

од nenad
2 минути читај за

Иако поминаа осум години од последниот албум, популарниот бенд во меѓувреме објави нови проекти, но публиката долго го чекаше овој…

По успехот на песната „Moj Beograde“, Тропико бенд синоќа објави пет нови екранизирани песни. Иако поминаа осум години од последниот албум, популарниот бенд во меѓувреме објави нови проекти, но публиката долго го чекаше овој. Кога сè беше снимено до совршенство, музичарите решија да ги пуштат најквалитетните парчиња во етерот.

Од друга страна, спотот за песната „Gorim ja“ носи емотивна животна приказна. Имено, пред 23 години, кога бендот „Тропико“ немаше поим дека денес ќе бидат едни од најпопуларните и најбараните на овие простори, во нивниот живот се појавила жена која им ги отворила очите и им овозможила многу работи.

Во една прилика свиреле во кафеана во близина на Лесковац, каде случајно дошла и била воодушевена од момчињата. Таа им пришла за да се запознаат, се претставила, а потоа им дала ветер во грб, односно да се одвојат од родниот град и да си ја пробаат среќата во Белград.

Ги донела во Белград, ги запознала со менаџери и луѓе од светот на музиката.


Поврзани објави

Нејзината смрт пред неколку години тешко го погоди бендот „Тропико“, па членовите решија да и го посветат видеото, бидејќи да не беше таа, прашање е каде ќе беа денес и дали ќе успееа да остават голема трага во музиката.

Не сакаат јавно да зборуваат за ова, но нашле начин да и се оддолжат, бидејќи таа ги испратила во главниот град да покажат што знаат, што на крајот се покажало како полн погодок.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING