Вчера остварив работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристов Ле Риголер. На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.
Ја истакнав добрата соработка со Франција нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. На средбата го запознав амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори – Александар Николовски министер за транспорт и врски.