Почетна Свет Никола Ѓурѓај лично и ја врачи наградата „Илинден“ на редакцијата на „Нова Македонија“

Никола Ѓурѓај лично и ја врачи наградата „Илинден“ на редакцијата на „Нова Македонија“

од nenad
3 минути читај за

Фото: Горан Анастасовски

Земајќи ги предвид заложбите на весникот „Нова Македонија“ во афирмирањето на состојбите и потребите на македонското национално малцинство во Република  Албанија, но и во соседните држави, македонското друштво „Илинден“-Тирана одлучи да му ја додели оваа награда токму на нашиот весник. Наградата беше врачена лично од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана, му ја додели наградата „Илинден“ на весникот „Нова Македонија“, награда што им се доделува на поединци или организации за нивните особени заслуги, ангажман и перманентни активности во насока на зачувување и одржување на националниот идентитет на припадниците на македонското народ во Република Албанија, како и промоција на македонските национални особености – јазик, култура, обичаи итн. Земајќи ги предвид заложбите на весникот „Нова Македонија“ во афирмирањето на состојбите и потребите на македонското национално малцинство во Албанија, но и во соседните држави, македонското друштво „Илинден“-Тирана одлучи да му ја додели оваа награда токму на нашиот весник. Наградата ја врачи лично Никола Ѓурѓај, претседател на споменатото друштво, а ја прими директорот Ратко Лазаревски. Покрај спомената награда, му беше доделена и благодарница „Илинден“ на Далибор Станковиќ, за неговиот ангажман во подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонскиот народ во Република Албанија.

По свеченото доделување на наградата и благодарницата „Илинден“, во просториите на весникот „Нова Македонија“ се одржа и средба, на која покрај Ѓурѓај и Лазаревски присуствуваа и новинари од редакцијата на нашиот весник, меѓу кои и Христо Ивановски. Состанокот помина во пријатна атмосфера, меѓу другото се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу „Нова Македонија“, како прв весник во современата македонска држава, и македонскиот весник „Илинден“, како единствен печатен и онлајн медиум на Македонците во Република Албанија. Од двете страни се разговараше за можни идни заеднички проекти, кои ќе бидат во насока на афирмација на потребите на македонскиот народ во албанското општество, но и афирмирање на припадниците на македонското национално малцинство од соседните држави во Република Македонија.

На оваа средба Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана, изрази благодарност до редакцијата на весникот „Нова Македонија“ за досегашните напори и заложби, изразувајќи подготвеност за идна соработка и продлабочување на контактите помеѓу „Нова Македонија“ и македонското друштво „Илинден“-Тирана, како и весникот „Илинден“ од Република Албанија. Ѓурѓај исто така искажа надеж дека доделената награда и благодарница ќе бидат поттик за натамошен ангажман на добитниците во афирмирањето на вистината за состојбите и активностите на македонските друштва и организации во Република Албанија.
Покрај наградата „Илинден“, која ја доби нашиот весник, оваа година благодарници од страна на македонското друштво „Илинден“-Тирана им беа доделени и на Јован Шкмби, советник на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец и претставник во Советот на Округот Корча; д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовна професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поранешна директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија; м-р Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија; г. Живко Лазаров, претседател на македонскиот клуб „Илинден“-Лацен, Германија; и г. Дејан Костески, претседател на ракометниот клуб Енхалон од Струга, Република Македонија.


Post Views:
90

Извор : vesnik-ilinden.com

Никола Ѓурѓај лично и ја врачи наградата „Илинден“ на редакцијата на „Нова Македонија“

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING