Почетна Македонија Никола Димитров стана член на европска иницијатива за зајакнување на политичката и економската сила на ЕУ

Никола Димитров стана член на европска иницијатива за зајакнување на политичката и економската сила на ЕУ

од nenad
1 минути читај за

„Ова е нова иницитива, која интегрира клучни експерти, актуелни и поранешни политички лидери и дипломати од цела Европа, чија цел е зајакнување на политичката и економска сила на ЕУ, а Димитров е единствениот поканет член од Западен Балкан“,велат од „Солуција“.

   

Оттаму велат дека на првата конференција што се одржала во Мадрид, Димитров зборуваше за улогата на регионот во контекст на Европа како еден од глобалните центри на економска и политичка гравитација, презентирајќи ги предизвиците и интересите на Северна Македонија и на регионот.

„На маргините на Конференцијата, Димитров разговараше и со идниот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, изразувајќи му благодарност што во настапот го постави проширувањето високо во приоритетите на Унијата во рамките на неговиот претстоен мандат“,информираат од „Солуција“.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING