– Нигериската армија спаси 13 заложници киднапирани од екстремистичка група во северозападната држава Кадуна. Како што соопшти армијата, во акцијата убиени се неколку киднапери, а други се уапсени.
Исто така е запленето оружје, муниција и пари. Но, не е наведено на која група припаѓале киднаперите.
Киднапирањата се честа појава во северна Нигерија, каде што десетици вооружени групи го користат ограниченото присуство на безбедносните сили за да извршат напади во селата и покрај главните патишта.
Повеќето жртви се ослободуваат само откако ќе платат откуп, кој понекогаш достигнува и илјадници долари.
Најмалку 1,400 ученици се земени од нигериските училишта откако милитантите од Боко Харам киднапираа 276 ученички во селото Чибок во државата Борно во 2014 година.
Боко Харам е нигериска џихадистичка група која го почна својот бунт во 2009 година за да воспостави исламски шеријатски закон во земјата.
Најмалку 35,000 луѓе се убиени, а 2,1 милиони раселени како резултат на екстремистичкото насилство. ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА