Почетна Убавина и здравје Нивните фотографии бликаат од љубов! – Убавина и здравје

Нивните фотографии бликаат од љубов! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

На денот на свадбата, Бриџит и Емануел Макрон изгледале многу среќно и вљубено

Бриџит и Емануел Макрон ја имаат една од најубавите и најнеобичните љубовни приказни на политичката сцена. И покрај тоа што Бриџит е 25 години постара од Емануел, нивниот брак е еден од најстабилните.

Се запознале кога таа му предавала, во неговото училиште во Амиенс. Францускиот претседател тогаш имал 15 години, а таа била во брак со човекот со кого добила три деца. Но се развела од првиот сопруг за да се омажи со Емануел.

Нивниот брак бил вистинска сензација кога Емануел сè почесто почнал да се појавува во јавноста, прво како министер, а потоа и како претседателски кандидат во 2016 година. Многумина се запрашале дали е возможно толку необична двојка да биде автентична. Иако нивната приврзаност ги освоила скептиците, интересот на јавноста за првиот пар што ги сменил нормите никогаш не се намалил.

„Секако дека не сме идеален пар. Комплицирано е да се биде двојка, тоа е секојдневна борба. Кога постои голема разлика во годините, може да биде уште покомплицирано“, изјавила Бриџит во една пригода.

Бракот како круна на љубовта

Емануел и Бриџит се венчале во 2007 година, една година откако таа се развела од поранешниот сопруг, кој подоцна починал во 2019. Пред приемот, Бриџит открила дека Емануел им се заблагодарил на нејзините деца што ја поддржуваат нивната врска.


Поврзани објави

„Ви благодарам што нè прифативте, иако не сме баш нормален пар“, рекол тој.

Фотографиите од нивната венчавка ја воодушевиле јавноста, а на нив јасно се гледа колку тие се среќни заедно.

Политичарот истакнал дека Бриџит е неговото сидро.

„За мојот личен баланс многу е важно некој дома секој ден да ми ја кажува вистината“, рекол тој за Си-Ен-Ен.

„Кажувањето на вистината е еден од главните предизвици. Некој со свои длабоки убедувања, кој ве познава такви какви што сте и ве сака поради тоа што сте – а не поради тоа што го претставувате или вашата улога… Тоа ми е многу важно. Тоа е моето сидро.“

Тие често си покажуваат нежности во јавноста, а оние што ги познаваат велат дека нивната љубов е вистинска и нема дилема дека тие едноставно се создадени еден за друг.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING