Почетна Убавина и здравје „Не сакав тоа да ме дефинира“ – Убавина и здравје

„Не сакав тоа да ме дефинира“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На почетокот на пандемијата со Ковид-19, актерката Памела Андерсон реши да го напушти Холивуд и да се пресели во Ванкувер, а пред неколку дена реши јавно да проговори за причините за таа одлука.

Таа е родена и израсната во Британска Колумбија и вели дека сака да се врати на своите корени. Во изјава за „WWD.com“, порачала дека за неа тоа е враќање дома и можност да го погледне својот живот и да се сети која била.


Поврзани објави

Не сакав она што се случи во Холивуд да дефинира која сум јас. Сакав тоа што го правам да ме дефинира и сите овие сознанија ми дојдоа во мојата градина. Ме инспирираше за многу идеи и деловни потези, изјавила таа.

Оваа година Андерсон стана и ко-основач на вегански бренд за убавина, па градината и послужи како инспирација и за тоа. Долги години живееше во Малибу, Калифорнија и често изјавуваше дека таму не била среќна и дека се чувствувала тажна, осамена и погрешно разбрана.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/pamelaanderson/?hl=en

 

 


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING